Голоб до Ковачевски: Освен Бугари во Устав не смее да има друг услов за влез на Македонија во ЕУ
Словенечкиот премиер Роберт Голоб се надева дека кај сите политички партии во земјава ќе преовлада разумот и уставните измени до ноември ќе бидат изгласани. Голоб, кој денеска беше домаќин на премиерот Димитар Ковачевски при официјалната посета на Словенија, кажа дека процесот на преговори со ЕУ не смее да престане и нема да дозволи да се поставуваат дополнителни услови на Македонија.
„Македонија е дел од Европа, секогаш била и сега е време да стане дел од европското семејство. Предолго се чекаше на тоа и денес овој процес конечно се мрдна од место и треба сите да направиме сè што можеме никогаш повеќе да не застане. Јас знам дека уставните измени се тешка задача, но верувам дека ќе преовлада разумот кај сите политички субјекти. Сегашниот процес на преговори не смее да застане. Ќе инсистираме да одите понатаму и освен промената на Уставот, да не се бараат и поставуваат други услови“, кажа Голоб на заеничката прес-конференција со Ковачевски.
Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека земјава секогаш кога носела големи одлуки излегувала посилна.
„Пред нас е носење уставни измени коишто се дел од условите во преговарачката рамка. И нив кога ќе го донесеме државата пак ќе излезе и посилна и како победник затоа што после тоа автоматски продолжува втората меѓувладина конференција, отворање на кластерите, реформите во општеството и полноправно зачленување во ЕУ, за што поддршка имаме од сите земји членки“, кажа Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…
Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и…
Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по…
Одржан 51 „Марш за ангелите“ во Кочани:…
Во Кочани денеска, 14 ноември 2026 година,…