Нели укинавте екстерно: МОН ќе тестира ученици, наставници, родители по математика и природни науки за да види до каде сме во споредба со другите

t

Започна тестирањето на 4.900 ученици од 150 училишта во Македонија според интернационалната студија ТИМСС („Трендови во математичките и природните науки“), програма во која се мерат постигнувањата на учениците по математика и природна група предмети (природни науки, физика, хемија, биологија). Освен учениците, на тест ќе бидат ставени и родителите, наставниците но и директорите на училиштата. Резултатите од тестирањето ќе бидат објавени во декември 2024 година.

Со учеството во меѓународните студии на мерење на постигањата на учениците се добиваат бројни податоци за образовните системи, наставните програми, наставниот процес, постигањата на учениците, работата на наставниците, како и споредување на постигањата на учениците на меѓународно ниво, како исклучително важен фактор за понатамошното креирање на образовните политики со кои Министерството за образование и наука ќе обезбеди поквалитетно образование за сегашните и идни генерации ученици.

Исклучително важно е да учествува во меѓународни тестирања во областа на образованието, преку кои се проверуваат постигнувањата на учениците, нивото на нивното знаење споредено со знаењето на врсниците од други земји, се проверува подготвеноста за справување со предизвици и реални ситуации од секојдневието, се компарира начинот на организирање на наставата во различни земји и дома. Посакуваме процесот да помине во најдобар ред, резултатите на учениците да бидат подобри од претходните циклуси на мерење и истите да бидат добра основа за носење на следни одлуки во креирање на политики во образованието, велат од Министерството за образование и наука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…

Уапсен 36-годишник од Гевгелија, ја следел и…

Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија по…

Одржан 51 „Марш за ангелите“ во Кочани:…

Во Кочани денеска, 14 ноември 2026 година,…

Србија го раскинува договорот со зетот на…

Српската влада донела одлука за раскинување на…