Русковска: Спасовски го потпишал решението за затворање на техничката станица 3 дена по несреќата
Освен притисоците и заканите за предметот за Рашковски, други проблеми немала поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска. Таа во интервју во Топ тема вели дека сепак останале отворени предистраги, за кои веќе имало набавено многу докази.
Една од нив е за станицата за технички преглед „Виа Комерц“ за автобусот на Беса транс, во кој во сообраќајна несреќа во Бугарија загинаа 45 македонски граѓани. Според Русковска, комисијата во МВР уште во јули донела решение станицата за технички преглед „Виа Комерц“ да биде затворена, но министерот не го потпишал тоа решение.
Решението требало да го потпише министерот, но тој го потпишал 3 дена по сообраќајната несреќа. Законска обврска е да се потпише во рок од 15 дена, а потпишано е по повеќе од 3 месеци од донесеното решение, вели Русоковска.
Додава дека предметот бил во поодмината фаза со насобрани докази, но не можела да го доврши.
Ако работи таа станица, работи незаконски затоа што Град Скопје им го има одземено сообраќајното решение. Предметот е пренесен на друг обвинител, но до каде е сега, не знам, вели Русковска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Данска разузнавачка служба: Русија почна саботажи против…
Русија преминала од планирање кон спроведување саботажни…
(Видео) Санкциониран возачот кој со „голф“ го…
Санкциониран возачот кој со возило го попречуваше…
Трамп најави разговор со Путин за мистериозната…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека наскоро…
Заканувачко писмо на Факултетот за уметности во…
Поранешен студент од Голема Речица вчера оставил…
Сонцето се повлекува: Од петок дожд и…
По сончевото и релативно топло време, од…