Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Василиј
Презвитер во Анкира, денешна Анкара, Турција. Под царот Констанциј трпеше многу од аријанците. Во тоа време се прочу како голем ревнител на Православието и вистински пастир на словесното стадо во Анкира.
Потоа кога на престолот стапи Јулијан Отстапник и почна гонењето на христијаните, Василиј јавно го изобличуваше тоа ново нечестие и ги утврдуваше своите луѓе во верата. За ова беше фрлен во затвор. Кога дојде царот Јулијан во Анкира, го изведоа пред него Василиј и царот почна да го наговара да ја остави Христовата вера, ветувајќи му почести и богатство.
Василиј му одговори: „Јас верувам во мојот Христос од Кого ти се одрече и Којшто ти го даде ова земно царство, но наскоро и ќе ти го одземе. Зарем не се срамиш од олтарот под којшто се спаси од смрт кога имаше осум години, кога те бараа за да те убијат?… Затоа наскоро ќе ти биде одземено ова земно царство; ни телото нема да ти биде погребано кога ќе ја испуштиш душата во тешки маки.“ Царот се разлути и нареди од телото на Василиј секој ден да дерат по седум ремени кожа. Вака правеа мачителите неколку дена. Кога Василиј повторно излезе пред царот, самиот си симна еден ремен од сопствената кожа и му ја фрли в лице на Јулијан извикувајќи: „Земи и јади, Јулијане, ако ова јадење ти е слатко, а мене живот ми е Христос!“
Овој настан се разгласи по целиот град и царот од срам тајно се повлече од Анкира во Антиохија. А Василиј продолжија да го мачат со усвитено железо дури не Му ја предаде својата душа на Господ, за Кого многу пострада во 363 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнува Успение на праведна Ана,…
Мајка на Пресвета Богородица. Денес се празнува…
Православната Црква утре го празнува споменот на…
Мироносица рамноапостолна. Родум од местото Магдала крај…
Денеска се празнува Преподобна Макрина
Најстарата сeстра на свети Василиј Вeлики и…
За многу години! Денеска се празнува Светата…
Родум од Антиохија Писидиска, од родители незнабошци.…
Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Атиноген, епископ…
Живееше во еден манастир близу градот со…