Артан Груби облечен во знакот на 8 за камен-темелникот за коридорот 8

t

Се е подготвено за да се означи стартот на почетокот на изградбата на коридорите 8 и 10-д, за како што велат од Владата ќе биде досега најголемиот инфраструктурен проект, кој ќе чини 1, 3 милијарди евра, а за кој ќе бидат потребни и уште 300 милиони евра за експропријација. Камен темелникот ќе се попстави на свечен настан на коридорот 8, кај првата патарина на патот Тетово – Гостивар. Бината од каде ќе се обратат владините преставници е во форма на автопат, а на говорницата е означен бројот 8.

Првиот вицепремиер Артан Груби на настанот се појави облечен со црна маица на која се испаечатени по една жолта и бела лента и на неа бројот 8. Тоа може да се види и на фотографиите подоле на која Груби е со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва.

Делниците од коридорите 8 и 10-д ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Овој проект за владините претставници е историски бидејќи тежи 1,3 милијарда евра, а делниците од двата коридори треба да бидат завршени до 2027 година. Проектот опфаќа изградба на вкупно 110 километри автопат или по делници: Тетово – Гостивар над 17 км (33 месеци рок на реализација); Гостивар – Букојчани – 30,3 км (57 месеци рок на реализација); Требениште – Струга – Ќафасан 22 км (49 месеци рок на реализација); Прилеп – Битола 40 км (57 месеци рок на реализација).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…

„КИКИ ГО ЧУВАШЕ НАШИОТ БОЛЕН СИН, БЕШЕ…

Потресна исповед на семејство од Загреб открива…

Родителите од Тетово револтирани од состанокот кај…

Родителите на нападнатите деца во Тетово се…

Уапсени шест лица во Србија и Словенија…

Во заедничка акција на обвинителствата и полициите…

Мајка цела ноќ ја барала 12-годишната ќерка:…

Мајка од Скопје пријавила дека нејзината 12-годишна…