Објавено на:

Четири лица приведени заради набавување и пренесување на над 320 КИЛОГРАМИ кокаин!

t

Во текот на вчерашниот ден под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Единицата за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи спроведе акција на неколку локации во Скопје и Прилеп, при што се лишени од слобода четири лица. Акцијата е резултат на повеќемесечна меѓународна истрага и формирани истражни тимови помеѓу Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјалното јавно обвинителство на Република Албанија и Одделот за организиран криминал на Република Албанија, известуваат од ОЈО ГОКК.

​Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215 ст.3 в.в ст.1 од КЗ.

Во текот на месец јуни 2021 година осомничените, заедно со неправосилно осудениот македонски државјанин како повеќе лица, неовластено заради продажба набавиле наркотична дрога – кокаин од НН лица од Р.Албанија во вкупна количина од 324,400 килограми, со намера истата да ја пренесат до Р.Италија. Откако претходно се договориле, осомничените на 16.06.2021 година поединечно на различни гранични премини оствариле излез од РМ и се сретнале и преземале активности на територијата на Драч, Р.Албанија. Притоа на непозната локација во Р.Албанија, НН лица-албански државјани и првоосомничениот во просторот кај резервоарите со нафта на ТМВ ˶Даф˝ сместиле 300 пакувања наркотична дрога – кокаин со тежина од 324,400 килограми. Па, откако вечерта осомничените и неправосилно осудениот оствариле заедничка средба, неправосилно осудениот со ТМВ марка ˶Даф˝ се упатил кон пристаништето во Драч со цел наркотичната дрога – кокаин да ја пренесе во Р.Италија.

Тројца од осомничените заедно, на 18.06.2021 година еден час по полноќ, на граничен премин Кукс/Морина оствариле влез од Р.Албанија во Р.Косово со ПМВ марка Мерцедес, а на ГП Блаце првоосомничениот влегол како пешак во РМ, а другите двајца осомничени со ПМВ марка Мерцедес како возач и сопатник. Второсомничениот во исто време со ПМВ марка марка ˶Голф˝ со бугарски регистарски ознаки влегол во државава преку ГП Свети Наум. Истиот ден напладне, на пристаништето во Драч, Р.Албанија при скенирање на ТМВ марка ˶Даф˝ од страна на службени лица од Царинската управа на Р.Албанија биле откриени сокриените пакувања на наркотична дрога кокаин и неправосилно осудениот е лишен од слобода и му била определена мерка притвор и истиот е неправосилно осуден од тамошниот суд на казна затвор во траење од 8 години.

При вчерашната акција еден од осомничените во обид да им избега на полициските службеници се повредил и се наоѓа на лекување, додека останатите тројца во текот на денешниот ден ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје. Предметиот обвинител ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување на мерка притвор за осомничените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија го освои вториот медал на олимписките…

Aлбанија стигна и до вториот медал на…

Албанија отвора камп за мигранти од Италија

Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…

Ѓурѓај: Исправен терминот „северномакедонци“ во резултатите од…

Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот…

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

Уапсен шеф на Обвинителство во Албанија!

По налог на Специјалното обвинителство против организиран…