Стручни екипи работат на решавање на проблемите на граѓаните во Општина Карпош
Стручните екипи од Општина Карпош, веќе некое време работат на санација и реконструкција на одделни делови, кои биле пријавени како проблеми од жителите на Карпош.
-Имено, овие денови беа поставени 14 попречни столпчиња во правец на булеварот „Партизански одреди“ до платото на Лептокарија, Карпош 3, со цел да се обезбеди движењето на пешаците кои поминуваат преку паркингот.
На улицата „Бахар Моис“, во Тафталиџе, беше реализирана нова патека, која ќе биде од големо значење за безбедноста на пешаците кои го минуваат овој пат.
Исто така, изминатите денови,во урбаната заедница КЈП, се изврши санација на колско пешачки патеки и реконструкција на отворите за вентилација на подземните гаражи. Општина Карпош неуморно работи за потребите на своите граѓани, информираат од општината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сонцето се повлекува: Од петок дожд и…
По сончевото и релативно топло време, од…
Зеленски: Уништената зграда во Прилуки беше „подарок“…
Најмалку 24 лица, меѓу кои и деца,…
Новиот грчки амбасадор во Скопје: Атина ќе…
Јоанис Малукос е новиот амбасадор на Грција…
Германија ги заострува законите против сексуалните дипфејкови…
Германската влада одобри предлог-закон со кој значително…
(Видео) Вака изгледа изгрејсонцето на Марс: Нова…
НАСА објави нова панорамска снимка од Марс…