Објавено на:

Нинисто: Членството на Финска во НАТО не е насочено против никого

t

Пристапувањето на Финска во НАТО не е насочено против ниту една земја, порача претседателот на Финска, Саули Нинисто, во изјавата по повод приемот на земјата во НАТО.

„Членството на Финска во НАТО не е насочено против никого. Тоа не ги менува ниту основите или целите на надворешната и безбедносната политика на Финска“, потенцираше тој во изјавата објавена на Твитер.

Тој истакна дека Финска е стабилна и предвидлива нордиска земја која има тенденција да ги решава споровите по мирен пат.

„Принципите и вредностите кои се важни за Финска ќе продолжат да ја водат нашата надворешна политика и во иднина“, истакна Нинисто.

Најзначајниот придонес на Финска за заедничкото одвраќање и одбрана на НАТО ќе биде во обезбедувањето и одбраната на нашата сопствена територија, рече претседателот на Финска, набргу откако неговата земја официјално стана 31-та земја што се приклучи на алијансата.

Според него, претстои уште значителна „работа“ за да се координира одбраната на Финска како дел од заедничката одбрана на НАТО.

Нинисто посочи дека ќе продолжи блиската соработка за градење заедничка безбедност во целиот нордиски регион.

Претседателот на Финска додаде дека земјата интензивно ќе работи на обезбедување на членството на Шведска во НАТО.

„Членството на Финска не е целосно без членството на Шведска. Интензивно продолжува работата за што поскоро членство на Шведска“, наведе Нинисто во соопштението.

Финска и Шведска заеднички аплицираа за влез во НАТО по рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година.

Од постојните членки на НАТО, само уште Унгарија и Турција не ја ратификувале апликацијата на Шведска за членство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девет месеци силувал дете помладо од 15…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против лицето…

(Видео) Пронајдени и извадени над 1700 гранати…

Над 1.700 гранати се пронајдени и извадени…

Студентската листа во Србија бара оставки во…

Претставниците на Студентската листа „Студентите победуваат“ во…

Прегазен пешак на булевар во Скопје

МВР информира дека синоќа во 20:40 часот…

Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја…

Навистина е непристојно една земја членка на…