Претрес во седиштето на најголемата партија во Европскиот парламент!
Белгиската и германската полиција денеска извршија рација во седиштето на Европската народна партија, најголемата партија во Европскиот парламент во Брисел.
Полициската потрага „е поврзана со тековната истрага во Тирингија, Германија“, се вели во соопштението на партијата, пишува Политико.
„Партијата соработува целосно транспарентно со надлежните органи, обезбедувајќи ги сите релевантни информации и документација“, се додава во информацијата.
„Белгиски полицајци упаднаа на првиот и третиот кат од седиштето на партијата во Ру ду Комерс“, изјави изворот.
Според првичните информации, полицијата запленила компјутери во врска со тековната истрага за наводна корупција за време на изборната кампања на ЕУ во 2019 година, пренесува „Euroactiv“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девет месеци силувал дете помладо од 15…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против лицето…
(Видео) Пронајдени и извадени над 1700 гранати…
Над 1.700 гранати се пронајдени и извадени…
Студентската листа во Србија бара оставки во…
Претставниците на Студентската листа „Студентите победуваат“ во…
Прегазен пешак на булевар во Скопје
МВР информира дека синоќа во 20:40 часот…
Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја…
Навистина е непристојно една земја членка на…