Почеток на уште еден циркуз: Партијата на Петков нема да поддржи Влада во која ќе учествува Борисов
Партијата Продолжуваме со промената нема да поддржи кабинет во кој ќе има мандат или воопшто ќе учествува ГЕРБ на Бојко Борисов, изјави копретседателот на Продолжуваме со промените Асен Василев по состанокот на политичкиот врв на партијата, јавија локалните медиуми.
„Ќе водиме политички разговори со сите партии застапени во Парламентот“, рече Василев.
Јасно им ветивме на нашите гласачи нормален европски живот, кој вклучува фер и слободни избори, изјави другиот копретседател на Продолжуваме на промените и поранешен премиер, Кирил Петков.
Официјална прес-конференција на раководството на коалицијата Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија ќе се одржи по одвоените состаноци на двете партии.
Во Бугарија во неделата се одржаа парламентарни избори, петти по ред во период од две години. Според резултатите кои ги објави Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија, во новиот состав на бугарскиот парламент ќе влезат шест партии, односно коалиции. Прва со најмногу гласови е коалицијата ГЕРБ-СДС на поранешниот премиер Бојко Борисов. Таа има околу 50.000 гласа повеќе, или помалку од два отсто повеќе од второпласираната коалиција на Кирил Петков – Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија (ПП-ДБ).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва го пофали Радев
Москва забележува промена во реториката на Софија…
Дрон влегол во бугарскиот воздушен простор и…
Дрон влегол во воздушниот простор на Бугарија…
Бугарија, Романија и Шпанија потпишаа договор за…
Бугарија, Романија и Шпанија потпишаа трилатерален технички…
Грција и Бугаријa против „Мајка Македонија“ во…
Иницијативата за подигнување споменик „Мајка Македонија“ во…
Македонија доби 149 милиони евра грант за…
Со денешното потпишување на договорот за инвестициски…