Мотив повеќе пред баражот со Украина, РФМ одреди „дебела“ премија за ракометарките за пласман на светско!
Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија денес донесе одлука околу премијата што нашите девојки ќе ја поделат при евентуален пласман на Светското првенство кое ќе се одигра во Данска, Норвешка и Шведска.
Нашите ракометарки играат двомеч со репрезентацијата на Украина, а доколку успеат да ја минат оваа пречка, пласманот на Светското првенство ќе им донесе премија од 40.000 евра која ќе ја поделат сите меѓусебно.
Ова беше заклучено на денешниот состанок на Управниот одбор на федерацијата и треба да претставува мотив повеќе за девојките во пресрет на клучниот бараж за пласман на Светското првенство. Мечевите ќе се одиграат на 8 и 11 април, а првиот меч ќе се игра во Скопје и се очекува огромна поддршка од „Фалангата“ за македонските ракометарки.
Светското првенство за жени ќе се одигра во гореспоменатите скандинавски земји во периодот од 29 ноември до 17 декември годинава.
Извор: Гол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…