Објавено на:

Ќе им дадеш прст, а тие… Техничкиот МНР на Бугарија бара и тие да бидат дел од процесот на уставни измени

t

Шефот на бугарската дипломатија, Николај Милков денеска го коментирал премачкувањето со боја на таблата на сега веќе поранешниот бугарски клуб „Иван Михајлов“ во Битола.

-Очигледно атмосферата таму дозволува тоа да се случи и има елементи на неказнивост кои фаворизираат такви постапки. Како што дознаваме, се разговара за варијанти на идните текстови кои би биле промена на Уставот. Ние би сакале да бидеме дел од овој процес за да се одвива непречено и би сакале да се консултираме со нив за овие прашања. Во оваа смисла, вчера имав краток разговор со министерот Бујар Османи и се надевам дека ќе одговорат. Имаме претстојни контакти и со тоа напори за да ја намалиме тензијата, се разбира, без да им се наштети на правата на Бугарите во Македонија. Така што овој дијалог треба да продолжи се додека постои волја од нивна страна. Повторно подаваме рака. Подготвени сме да разговараме за промените што ги прават, рекол бугарскиот министер, коментирајќи ги и евентуалните претстојни промени на македонскиот Устав.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Земјотрес во Бугарија

Земјотрес е регистриран во четвртокот во 8…

Бугарија забрани реклами за коцкање, казина и…

Националното собрание на Бугарија конечно усвои целосна…

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…