Одговор на МНР за барањето на Милков
СООПШТЕНИЕ
Министерството за надворешни работи информира дека процесот на уставни измени претставува внатрешно прашање на Република Македонија, која како обврска е поврзана со пристапните преговори за членство во Европската унија.
Се очекува Собранието да ја донесе таквата одлука, суверено и согласно долгорочните интереси на граѓаните на Македонија, претставени во парламентот и во тој контекст, не постои можност ниту политичка волја за вклучување на граѓани и институции од странство, вклучително од Република Бугарија. Такво барање ниту е пристигнато, ниту е разговарано меѓу министрите Османи и Милков.
Македонија останува посветена на продолжување на политичкиот дијалог со Бугарија, во духот на добрососедството и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, за што се надева на што поскоро формирање на новата бугарска Влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Монголија ја засили контролата на границата со…
Монголија воведе превентивни мерки и засилен здравствен…
(Видео) Вучиќ со нов предизборен спот: На…
Александар Вучиќ објави нов предизборен спот во…
Сообраќајна најава: Утре ограничување на мостот „Близнак“
Возачите во Аеродром и Гази Баба утре,…
Македонски средношколци меѓу најдобрите во светот: Почнува…
Македонскиот национален тим денеска во Инчеон, Јужна…
Ученици во Кисела Вода снимаат филмови против…
Насилството меѓу децата и младите, со посебен…