Објавено на:

Град Скопје ја асфалтира улицата “Александар Урдаревски”: Деновиве посебен сообраќаен режим во Бутел

t

Поради изведба на градежни активности за асфалтирање на коловозот на улицата Александар Урдаревски, во општина Бутел, на потегот од крстосницата со улица Боца Иванова до населено место Кучевишка бара, деновиве ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим.

Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а асфалтирањето ќе се одвива утре на 07.04.2023 година (петок) од 8 ч наутро до 14 часот попладне во едната насока и во сабота на 08.04.2023 година во истиот временски период на другата спротивна насока – информираат од ЈП „Улици и патишта“.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Реконструкцијата на улицата се врши со средства од Градот Сокпје, од каде претходно објаснија дека се реконструира коловозот на улицата на површина од 9600 м2 и должина од 1270 метри, се поставуваат банкини од тампонски материјал и нови рабници, а за граѓаните од овој дел на градот, се подигнува ново зеленило, садници и соодветно партерно уредување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ПРЕД КЛИНИЧКИ: Смачкани се…

Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случи на…

Тошковски откри кога ќе почнат да доаѓаат…

Во вечерашната емисија ClickPlus на ТВ21, министерот…

Прскање против комарци во сабота во Скопје,…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Претепан вработен во казино од три лица…

Денеска во 00.20 часот во СВР Скопје,…