Објавено на:

Украина е крајно суров режим кој се однесува сурово не само кон нашите, туку и кон сопствените граѓани, вели Путин

t

Русија во Украина има работа со режим кој е крајно суров, дури и кон сопствените граѓани, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на состанокот во Кремљ со вршителот на должноста лидер на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин.

За жал, во реалноста имаме работа со режим кој се однесува на крајно суров начин, не само кон нашите граѓани, туку и кон своите, рече Путин.

Тој рече дека целта на руските сили е да ги потиснат украинските сили на дистанца на која не можат да им наштетат на руските војници.

Путин нагласи дека руските сили имаат мисија да го прекинат гранатирањето на Донбас.

Пушилин истакна дека најитно е да се реши прашањето за гранатирање на Народна Република Доњецк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Соборен украински МиГ-29, загина пилотот

Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…