Објавено на:

Вардар ја декласираше Војводина, Гогов со одличен настап на вардаровиот гол

t

Екипата на РК Вардар со голема предност ќе патува на реваншот во Нови Сад, откако вечерва на првиот 1/4 финален дуел во СЕХА со убедливи 38:25 ја победи екипата на Војводина.

Во ниту еден момент не беше доведена во прашање победата на вардарци кои тргнаа фуриозно на овој натпревар, со серија од 5:0 беше навестено каков тек ќе има овој натпревар, со оглед дека гостинскиот тим првиот гол во нашата мрежа го постигна дури после седум минути игра. Како одминувапе првиот дел, само ја зголемувавме разликата, која на полувреме беше двоцифрена, на одмор се замина со резултат 22:11.

На стартот од вториот дел, избраниците на Недановски имаа и водство од 13 гола разлика, а остатокот од мечот беше само рутина за вардарци кои имаа контрола на резултатот и играта. На крајот стигнаа и до висока победа, која им дава за право да се надеваат на пласман на завршниот турнир во СЕХА-лигата.

Најефикасен кај Вардар беше Јан Чувара со 10, додека Куни Моралес постигна 8 голови. Гогов на голот имаше 12 успешни одбрани. Реванш дуелот меѓу Војводина и Вардар ќе се одигра на 11 април во Нови Сад.

Фото: Кочо Сотировски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…