Маричиќ: Имаме право да бараме временска рамка од ЕУ за наше членство

t

Имаме многу тешки задачи во нашите преговарачки рамки и во сите Поглавја не очекува многу работа. Истовремено имаме и тешки билатерални прашања. Испораката по тие прашања ни дава оптимизам, но и право да бараме што поскоро ЕУ да направи временска рамка, која што ќе биде реална – ниту преоптимистична, ниту премногу неопливива, која ќе не пристисне за да размислуваме во 20-годишна рамка, рече денеска заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ на денешната заедничка прес-конференција со неговата српска колешка, Тања Мишчевиќ.

Според него, треба да размислуваме во што пократка рамка и да притискаме за тоа до крајот на декадата, односно на првото отворање на портите за нови членки, Македонија и Србија да бидат меѓу првите кои би влегле.

-Мислам можеме да го постигнеме. Нас ни е важно да работиме и да бидеме подготвени кога ќе се отворат портите за членство, со сите задолженија, рече Маричиќ како одговор на новинарски прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рикер: Прашање на време е кога ќе…

Поранешниот шеф на УНМИК на Косово, Јоаким…

Kурти смета дека местото на Косово е…

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Берлин…

Западен Балкан е сѐ поблиску до ЕУ,…

На 1 мај 2004 година мојот претходник…

Битиќи: Со Планот за раст на ЕУ…

„Политичката понуда веќе е јасна, само коалицијата…

ЕУ не успева да ги оданочува супербогатите:…

Владите на Европската Унија годишно губат 286,5…