Објавено на:

Додик: РС ќе стане независна држава, бидејќи БиХ не може да биде дел од „Отворениот Балкан“

t

Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека РС ќе стане независна држава, бидејќи Босна и Херцеговина не може да биде дел од регионалните иницијативи, како што е „Отворен Балкан“.

Додик оцени дека „Отворен Балкан“ е добра иницијатива, но дека Босна и Херцеговина не мисли така.

Бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Денис Беќиревиќ, штом ќе се разбуди наутро, веднаш ги мрази Србите. Но, ние живееме во таква земја, каде што некои амбасади вежбаат врз нас, но и тоа ќе помине еден ден, напиша Додик на својот Твитер профил.

Според неговите зборови, БиХ е „невозможна земја, која е полигон за обука на американскиот амбасадор. Но, и тоа ќе помине, рече Додик.

Тој повтори дека Србите „не извршиле геноцид и дека тој бил измислен“.

Високиот претставник во Босна и Херцеговина Кристијан Шмит вчера ги повика надлежните институции да ги истражат и гонат лицата кои го негираат геноцидот во Сребреница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Старица измамена за 30 илјади евра од…

На 25.06.2025 во 18.30 часот во СВР…

Град Скопје поднесе 20 случаи на незаконски…

Град Скопје поднесе 20 случаи на незаконски…

Санчез му порача на Израел: Шпанија не…

Шпанскиот премиер Педро Санчез ја повтори својата…

Филипче до Мицкоски: Ветивте промени во Преговарачката…

На денешната седница на пратенички прашања, претседателот…

Владата ја продава иднината под превезот на…

Најавата од министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска,…