(Видео) Милошевски повторно на суд поради лажна пријава за физички напад: Порача дека нема да го замолчат и нема да прави компромис со вистината
На 9 мај сум на рочиште во судот во Прилеп затоа што кога ги фативме за време на локалните избори како кршат изборен молк натерале некоја несреќа лажно да пријави дека јас и мојот колега сме ја бутнале по скали во зградата каде што се наоѓа штабот на СДСМ.
Ова е само последниот обид да бидам замолчен.
Ова не го пишувам за да се жалам туку за да го мотивирам својот народ да се бори затоа што слободата како и се во животот има своја цена.
Тоа што сум слободен и јавно го кажувам секогаш тоа што го мислам во едно тоталитарно општесво си има своја цена. Цената која ја плаќам е во едни бели картончиња со кои одам да подигнам пратка во македонска пошта.
Вработените таму на шега ми велат криминалците во државава не ги гледаме толку често колку што те гледаме тебе како новинар.
За крај сакам да ви порачам дека никогаш нема да ме замолчите затоа што оној кој што прави компромис со вистината целиот живот ја плаќа цената.
Во прилог и видеото на кое одлично се гледа дека ниту јас ниту мојот колега никого не сме бутнале по скали. А на лекарите кои му дале лажна медицинска белешка ќе им порачам дека се гледаме на суд.
Уште долго ќе се ебавате в’газ…
– Видеото можете да го погледнете ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шест активни пожари низ Македонија
На ден 25.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Јаневска: Намалувањето на ученичката кошничка е добра…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…
Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка
Пожар избил денеска на територијата на Општина…
Лефков: Грижата на талогот од СДС и…
Венко Филипче како прв човек на СДС,…
Мицкоски за Филипче: Не би сакал да…
Јас можам за прв пат да се…