Американскиот новинар Гершкович официјално обвинет за шпионажа во Русија
Американскиот новинар Еван Гершкович, кој беше уапсен во Русија минатата недела, денеска и официјално обвинет за „шпионажа“, обвинение што тој го негира, пренесоа руските новински агенции.
Како што пренесе Бета, Гершкович, дописник на „Волстрит џурнал“, кој претходно работел за АФП, е кривично гонет според член 276 од рускиот кривичен законик.
На Гершкович му се заканува казна затвор од 20 години.
Агенцијата Тасс објави дека новинарот „категорично“ ги отфрлил обвинувањата.
На американскиот новинар му е одреден притвор до 29 мај. Тој притвор може да биде продолжен до евентуално судење. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…