Влахов-Мицов предвидува нови избори во Бугарија наесен: Американските амбасади го контролираат речиси цел Балкан
Ова се петти избори за две години и тие нема да бидат последни. Двете партии ГЕРБ-СДС и ПП-ДБ си имаат потекло од криминални структури и се изедначени на изборите, вели во денешната епизода на Тешки муабети професорот Стефан Влахов-Мицов.
-Проблемот е што во Софија, акко и тука, управува американската амбасада, како и на цел Балкан (Скопје, Софија, Црна Гора, Тирана, делумно во Романија). Амбасадата дала амин да се создаде влада, ама има проблем.
Наесен има локални избори во Бугарија, ГЕРБ сега победи на државно ниво, но ПП-ДБ победи во Софија, пловдив и неколку големи избори. Е сега ако има таква коалиција, ќе изгубат гласачи, сека сакаат да вртат и да има истовремено локални и парламнетарни избори во октомври па тогаш да направат влада, откако ќе нема што да изгубат.
Сите тие партии немаат друга идеологија освен парите, Борисов управуваше 12 години и Американците сакаа да го симнат, затоа ги повикаа овие од Харвард. Сите во Бугарија се чудеа зошто во јуни Бајден спомна само две имиња за Бугарија, Радев и Кирил Петков, иако никој не го знаеше Петков, министер бил со канадско државјанство, Уставниот суд рече не е уставно тоа но кој го слуша него.
Сега видоа дека Борисов е подобар слуга и пак ќе го вратат, вели Влахов-Мицов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…
Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…
Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…
УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…
Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…
Македонските и бугарските историчари повторно не се…
Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…