Банална расправија за рамазански леб – причина за пукањето во Чаир
Еден од двајцата згрижени во Градската болница Свети Наум Охридски е задржан на понатамошно лекување по синоќешниот инцидент во Чаир, кога во тепачка беше употребено и огнено оружје..
Трагите од крв на уличниот асфалт позади скопската поликлиника „Бит Пазар“ сведочат за синоќешната физичка пресметка која заврши со пукање, а во која тројца, меѓу кои и еден малолетник, беа повредени.
Двајца од нив беа преснесени во ГОБ „Св. Наум Охридски“ од каде во изјава за Канал 5 велат дека дваесет годишникот кој има прострелна рана во десната дланка е во стабилна состобја, но е задржан на понатамошно лекување, додека другото 23-годишно лице кое имало повреда на главата од цврст предмет е пуштено дома. Третиот, кој бил случаен минувач и се обидел да ги раздели групите, но и тој настрадал со повреда на носот е пренесен на Клиниката за уво, нос и грло. Засега нема информација за приведени. Од полицијата велат дека работат на расчистување на случајот..
Според се уште нефицијални информации расправијата и физичката пресметка која завршила со пукање настанала затоа што не се почитувал редот во пекарата каде се купувал рамазанскиот леб.
Посегнувањето по оружје и неговата употреба и при најбанални несогласувањата меѓу луѓето е проблем како кај нас, така и во целиот свет, вели психологот Мирјана Стојановска Јовановска. Главната причина за тоа ја гледа во тоа што оружјето е лесно достапно
„Големата достапност до одружјето, дека може се кој да го носи дека може лесно да се извади, добро кај нас не е толку страшно додека во Америка или на запад е станато масовно поседувањето на оружје..
Втората причина за тоа дека на многумина им е полесно да посегнат по оружјето наместо да се обидат на мирољубив начин да решат некој проблем, Јовановска ја гледа во тоа што младите се под огромно влијание на агресијата и насилствата кои се прикажуваат на филмовите, видео и игрите и интернетот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Покрај забрана за приближување двајца во Малешевијата…
Полицискиот билтен нотира непослушност кај наслниците, па…
Русија го повтори барањето НАТО да се…
Русија повторно бара НАТО да ги повлече…
Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и член…
Македонскиот фудбал денеска гоп погоди тажната вест…
Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…
„КИКИ ГО ЧУВАШЕ НАШИОТ БОЛЕН СИН, БЕШЕ…
Потресна исповед на семејство од Загреб открива…