Објавено на:

Маск отвара МЕГАФАБРИКА на Тесла во Кина

t

Американскиот автомобилски бренд „Тесла“ отвора мегафабрика во Шангај, соопшти на Твитер производителот на електрични автомобили.

Фабриката ќе може да произведува 10.000 мегабатерии годишно, многу големи батерии што се користат за складирање на електричната енергија доволна за широка потрошувачка. Компанијата ја најави новата фабрика со фотографија од потпишувањето на договорот во Кина.

„Тесла отвора фабрика за Мегапак (Megapack) во Шангај за да го надополни производството во фабриката во Калифорнија“, објави Илон Маск на Твитер.

Кинеската државна новинска агенција Ксинхуа, која прва ја објави веста, наведува дека производителот на електрични автомобили со работа ќе почне во третиот квартал од оваа година, додека производството ќе почне во вториот квартал на 2024 година.

„Тесла“ управува со мегафабрика во Латроп, Калифорнија, која може да произведе 10.000 единици Мегапак секоја година – што е еквивалент на складирана енергија од 40 гигават-часови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин откри детали од разговорот со Си…

Една од темите на вечерните разговори меѓу…

Путин – Џинпинг: Русија и Кина работат…

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека…

Путин слета во Пекинг

Рускиот претседател Владимир Путин слета во Пекинг…

Кинеските јавни тоалети сега можат да ви…

Кинеските јавни тоалети сега можат да ви…

Средба на годината: Путин ќе ја посети…

Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети…