Министерот за правда оствари средба во Собрание со координаторите на пратеничките групи
Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со координаторите на пратеничките групи во Собрание. Средбата помина во конструктивна атмосфера, соопштуваат од Министерството за правда.
Министерот Лога ги информираше претставниците на ВМРО- ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците за работната група за изборни реформи, потребата од имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во Изборниот законик како и иницијативата за нов Изборен Законик.
Се дискутираше и за законодавната агенда, законите кои се предложени од Министерството за правда како и можностите за нивно побрзо усвојување во Парламентот. Договорено е вакви средби во Собранието да се одржат и во наредниот период а соработката со пратениците да се интензивира, стои во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 30 членови на СДСМ од…
Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…
Во Македонија 350 деца имаат дијабетес
Во Македонија има 135 илјади граѓани кои…
Министерството за спорт со поддршка за инклузивната…
Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо…
Романија крена два ловци Ф-16 поради сомнителна…
Два ловци Ф-16 на романските воздухопловни сили…
Покрај забрана за приближување двајца во Малешевијата…
Полицискиот билтен нотира непослушност кај наслниците, па…