Утре протест пред битолската болница со сирена и едноминутен молк

t

Утре во 17 часот ќе има протест пред Клиничката болница во Битола поради смртта на новороденчето, како и смртта на малата Јана.

-Ќе носиме сирена, ќе ја вклучиме а потоа ќе одадеме една минута почит за сите прерано заминати чеда, родители и пријатели и ќе си отидеме. Нека сирената ја означи алармантната сотојба во болницата, а молкот нека биде за наш потсетник за тие на небесата, оти сите немо седиме и чекаме промените од небо да паднат, а не ние да ги создадеме час поскоро за да спасиме нечии живот, се вели во најавата на протестот.

Шестгодишната Јана почина откако прими инфузија, а родителите тврдат дека станува збор за лекарска грешка, а сè уште се чекаат резултати од обдукцијата.

Обдукција ќе се прави и на новороденчето кое почина вчера. Мајката добила таблета за провокации и била пуштена дома, иако требало во тие часови бебето да биде под надзор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 30 членови на СДСМ од…

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…

Во Македонија 350 деца имаат дијабетес

Во Македонија има 135 илјади граѓани кои…

Министерството за спорт со поддршка за инклузивната…

Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо…

Романија крена два ловци Ф-16 поради сомнителна…

Два ловци Ф-16 на романските воздухопловни сили…

Покрај забрана за приближување двајца во Малешевијата…

Полицискиот билтен нотира непослушност кај наслниците, па…