Пендаровски не планира да се сретне со Радев: Додека сум тука ќе го штитам интересот на македонскиот народ!

t

 Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски вечерва изјави дека не контактира со бугарскиот претседател Румен Радев, а последен пат се видел со него минатата година на Мини самитот за енергетика во Софија.

Во гостување во „Сител“, претседателот Пендаровски рече дека во изминатите две години немал ниту еден конструктивен разговор со Радев, потенцирајќи дека, според него, не постои клима на добрососедство. Пендаровски не планира да го покани Радев на средба или во посета на Македонија.

– За танго треба двајца. Објективно изминативе две години Бугарија имаше серија на провокации кон нас и излезе со аргументи за наша блокада кон ЕУ каква што немало во историјата на ЕУ. Ниту една држава не блокирала друга држава со тоа што викала „Вие не сте тоа што мислите дека сте“. Да зборувате за идентитетска политика и да викате дека јас не сум Македонец и дека само ако ги сменам сите учебници ќе можам да напредувам кон Европа… Ние може да глумиме средби, но последниве две години практично немам ниту еден конструктивен разговор со Радев, изјави Пендаровски.

Во однос на неговите изјави со кои предизвика реакција во Софија, Пендаровски рече дека поважна му е реакцијата на граѓаните во државава, отколку реакцијата од Софија.

– Еден не ми рече – таа работа не ти требаше, не зборувам за политичари. Кај нас има политичари кои сакаат постојано, независно што доаѓа како провокација од Софија, да прават добар амбиент за преговори и да спуштаат тензии. Јас не сум од тие. Јас додека сум тука и сум платен да ги штитам интересите на македонскиот народ и македонските граѓани, истакна Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…