Русија истражува над 240 различни патогени на опасни болести пронајдени во украинскиоте биолошки лаборатории
Руското Министерство за одбрана истражува 240 различни патогени на опасни болести откриени во украинските биолошки лаборатории, вклучувајќи антракс и колера. Ова во средата на пленарниот состанок на Советот на Федерацијата го соопшти шефот на силите за радијациона, хемиска и биолошка заштита на вооружените сили на Руската Федерација, Игор Кирилов.
„Навистина работевме во четири лаборатории. Во тие лаборатории што ги најдовме беа пронајдени околу 240 различни патогени супстанци од различен вид. Ги проучуваме и продолжуваме да ги проучуваме. Повеќето од нив се однесуваат на антракс, колера“, рече Кирилов за време на состанокот, на кој се разгледуваше конечниот извештај на парламентарната комисија за истражување на околностите поврзани со создавањето на биолошки лаборатории од американски специјалисти на територијата на Украина.
Тој истакна дека Русија има вакцини и лекови против ваквите опасни болести.
„Ние соработуваме со Министерството за здравство и Роспотребнадзор во оваа насока и продолжуваме со оваа работа“, рече Кирилов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…