11 години од масакрот кај Смилковско езеро

t

Денеска се навршуваат единаесет години од едно од најгрозоморните убиства во историјата на Република Македонија. На 12 април 2012 година беа убиени пет лица со огнено оружје кај Смилковско езеро во атарот на село Смилковци, Скопје.

Убиените беа на возраст од 18 до 21 година: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски. Бил пронајден мртов и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево.

Обдукцијата врз убиените покажало дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција. На 10 километри од убиството, беше пронајдено возило „Опел Омега“, за кого беше потврдено дека било на местото на настанот за време на убиството.

За овој случај беше отворен предмет под името „Монструм“, за кој имаше пресуда, но предметот одново беше вратен на судење. На доживотна казна затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ. Хаки Азири за помагање беше осуден на 9 години затвор, Фејзи Азири за истото дело на 15 години затвор. Судот го отфрли обвинението на Сами Љута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Македонија 350 деца имаат дијабетес

Во Македонија има 135 илјади граѓани кои…

Министерството за спорт со поддршка за инклузивната…

Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо…

Романија крена два ловци Ф-16 поради сомнителна…

Два ловци Ф-16 на романските воздухопловни сили…

Покрај забрана за приближување двајца во Малешевијата…

Полицискиот билтен нотира непослушност кај наслниците, па…

Русија го повтори барањето НАТО да се…

Русија повторно бара НАТО да ги повлече…