Руската амбасада во Скопје го одбележа Меѓународниот ден на космонаутиката: Баздникин се поклони на споменикот во Скопје
Денеска по повод Меѓународниот ден на космонаутиката Амбасадата на Руската Федерација ја одржа свечената церемонија на положување венци кон споменикот на Јуриј Гагарин во Скопје.

Амбасадата на Русија ја претставуваше делегацијата на чело со Амбасадорот Сергеј Баздникин. На настанот присуствуваа раководството на странските дипломатски претставништва, меѓу кои е Амбасадорот на Босна и Херцеговина Драган Јаќимовиќ, Почесниот конзул на Русија во Охрид Велимир Стојковски, пратеникот и лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоилковиќ, делегацијата на компанијата „Лукоил“ предводена од Регионалниот директор Андреj Куку, претставници на Рускиот центар при УКиМ, на МПЦ-ОА, како и на општествено-политичките организации, наши сонародници.

На присутните со поздравен говор им се обрати Амбасадорот Сергеј Баздникин. Во рамките на настанот, учениците од О.У. „Димитар Миладинов“ Калина Анчева и Даниел Видиновски читаа поезиjа на руски поети посветени на Јуриј Гагарин и вселената.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерството за спорт со поддршка за инклузивната…
Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо…
Романија крена два ловци Ф-16 поради сомнителна…
Два ловци Ф-16 на романските воздухопловни сили…
Покрај забрана за приближување двајца во Малешевијата…
Полицискиот билтен нотира непослушност кај наслниците, па…
Русија го повтори барањето НАТО да се…
Русија повторно бара НАТО да ги повлече…
Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и член…
Македонскиот фудбал денеска го погоди тажната вест…