Објавено на:

Нова рунда фудбал за душа: Милан сака предност против Наполи на домашен терен, Реал е фаворит против Челси за 1/2 финале

t

Откако Манчестер сити и Интер направија голем чекор кон полуфиналето во Лигата на шампионите синоќа, две нови џиновски пресметки денеска го имаат своето „прво полувреме“ од оваа четвртфинална фаза во елитното друштво, со италијанската пресметка на актуелниот калчо првак Милан против актуелниот лидер Наполи, односно дуелот на двата последни европски прваци, актуелниот Реал Мадрид и шампионот од 2021 година, Челси.

Пред десет дена Милан на „Диего Марадона“ го прегази Наполи како никој друг досега во сезонава, па „росонерите“ колку и да имаат турбулентна сезона со чести падови, искуството од минатото за вакви европски елиминации може да им биде пресудно, особено што наполитанците првпат во историјата играат во оваа фаза, но далеку дека се без шанса иако во првиот меч денеска ќе бидат без својот најдобар стрелец Виктор Осимен.

Во недостаток на Осимен, Лучано Спалети нема опција за позицијата центарфор зашто и Џовани Симеоне е повреден, па според најавите ќе игра со „лажна деветка“, најверојатно Џакомо Распадори (се споменуваше и Елиф Елмас како опција за оваа позиција) покрај Квича Кварацхелија и Ирвинг Лозано по крилните позиции во формацијата 4-3-3.

„Силата на еден тим не е само збир на неговите различни делови, туку е збир на сите нивни квалитети, кои коегзистираат и начинот на кој тимот работи заедно и функционира. Нашиот тим покажа дека знае да игра секако, без оглед на избраната формација на почеток на мечот. Ние победувавме важни мечеви и без Осимен, така да очекувам иста работа“, вели Спалети.

Главна ударна тупаница на Милан ќе бидат Рафаел Леао и Брахим Дијаз, кои беа клучни за триумфот со 4-0 во Неапол, а Оливие Жиру ќе биде најистурен и „росонерите“ ќе се обидат вечерва да го искористат домашниот терен за предност, иако во двомечот многу извесно е дека овој прв дуел нема да реши сѐ.

„Тој меч во Неапол верувајте не беше совршен, зашто има толку многу работи во кои може да напредуваме и да сме подобри. Но, ова е сосема поинакво натпреварување, други мечеви, нѐ чека предизвик од 180 минути каде работите множе брзо да се менуваат. Можеби Наполи ќе заземе поинакви ставови за разлика од Серија А, но ние ќе влеземе со огромна самодоверба, одличност и волја. Ако сакаме полуфинале ќе мора да одиграме на највисоко ниво и два меча да одиграме на ептен квалитетно ниво“, вели Стефано Пиоли, тренерот на „росонерите“.

Европскиот првак Реал Мадрид една година откако чудесно преку сите главни ривали дојде до 14-та европска титула, повторно се судира со Челси, европскиот првак од 2021 година во трета меѓусебна елиминациска пресметка по ред. Во 2021 година „сините“ ги минаа „кралевите“, лани во епски двомеч со продолженија помина Реал откако во лондон победи со 0-3, па по 90 минути Челси возврати со иста мера, за во дополнителниот пола час, „кралевите“ да обезбедат полуфинале.

И овој меч за разлика од претходните доаѓа во момент во кој на Реал не му цветаат рози во Ла Лига и безмалку ја загуби трката за титула, ама затоа Челси е уште полош со мизерно 11-то место во Премиерлигата и без шанса за место во ЛШ, освен ако не ја освои европската круна.

„Реал Мадрид е страшно опасен, зашто ти мислиш дека го контролираш мечот, а понатаму… Лани сѐ видовме. И на 3-0 мислевме готови се, па се случи пресврт. Така да ова микроуправување во мечевите е од витално значење и ќе мора да сме максимално спремни на сѐ“, вели Шпанецот, Цесар Азполикуета.

Франк Лампард не успеа на дебито да го извади тимот од летаргијата во Премиерлигата, но ова е друг меч, а за почеток задоволни би биле лондончани да останат непоразени на „Сантјаго Бернабеу“. Сега ги има сите фудбалери на располагање, меѓу нив Нголо Канте, Мејсон Маунт, Тијаго Силва, има преширок тим за избор, а на него е да ги избере најподготвените за судирот со „кралевите“.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ЧЕТВРТФИНАЛЕ

МИЛАН – НАПОЛИ (Сан Сиро, 21 часот)

Милан: Мање – Калабрија, Томори, Кјаер, Тео Ернандез – Тонали, Круниќ, Бенасер – Дијаз – Леао, Жиру

Наполи: Мерет – Ди Лоренцо, Ким, Рахмани, Оливеира – Лоботка, Ангиса, Зиелински – Лозано, Распадори, Кварацхелија

РЕАЛ МАДРИД – ЧЕЛСИ (Сантјаго Бернабеу, 21 часот)

Реал Мадрид: Куртоа – Карвахал, Милитао, Рудигер, Камавинга – Модриќ, Крос, Чуамени – Валверде, Бензема, Винисиус Жуниор

Челси: Кепа – Џејмс, Фофана, Кулибали, Чилвел – Канте, Ковачиќ, Енцо Фернандез – Стерлинг, Хаверц, Жоао Феликс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Република Српска не го прифаќа британскиот план…

Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…

Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…

„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…

Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани

Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…