(Фото) „Сирената е вклучена“: Битолчани на протест, изразија сочувство за смртта на малата Јана и новороденчето
Во знак на сочувство за починато новороденче и шест годишното девојче Јана, битолчани попладнево одржаа мирен протест пред ЈЗУ Клинична болница „Др Трифун Пановски“-Битола.
Со едноминутно молчење и звук на сирена, учесниците на протестот порачаа дека недозволливо е во напредна медицина да се случуваат трагедии.
-Сирената е вклучена, а вклучен е и алармот за битолската болница. Недозволиво е во 21. век со толку напредна медицина, на ваков начин да заминуваат нашите најмили. Со едноминутно молчење оддаваме почит за прераната смрт на сите дечиња што ја доживеале судбината на Јана. Оставката на досегашниот директор за нас ништо не значи бидејќи тој сам изјави дека состојбата во болницата е очајна и затоа сметаме дека инспекцијата не треба да доаѓа само кога се случуваат трагедии, туку постојано, истакна Игор Петковски, претставник на организаторот на протестот.
Битолчани побараа јавно соопштување на причините за двете трагедии што се случија во ЈЗУ Клиничка болница „Др Трифун Пановски“-Битола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…