Продолжен притворот на осомничените за киднапирањето на Самоил, се уште ни трага ни глас од момчето
На двете лица осомничени дека се вмешани во киднапирањето на Самоил Костадиновски им е продолжен притворот, потврдија од Кривичниот суд за „Фокус“. Мерката им истече вчера, поради што обвинителството побарало продолжување, а судијата го прифатил предлогот.
30-годишникот и 25-годишникот се веќе еден месец во притвор, а се уште нема ни трага ни глас од Самоил. Од Обвинителството за „Фокус“ велат дека преземаат дејства, дека приоритет им е дa го најдат Самоил, а потоа и да испитаат евентуална кривична одговорност. Детали не соопштуваат за да не и се наштети на истрагата.
„Во периодот од исчезнувањето на лицето до денес постојано се обезбедуваат докази и се вршат проверки и распити на лица кои со своите сознанија придонесуваат за расчистување на настанот. Врз основа на доказите обезбедени до овој момент, поведена е истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека учествувале во дејствија на грабнување на лицето. Дополнително, со координирани активности на надлежното обвинителство и Министерството за внатрешни работи се обезбедени и се обезбедуваат и други докази, но за да не се наштети на постапката јавното обвинителство не е во можност да сподели детали“, велат од Обвинителството.
Самоил Костадиновски исчезна на 4-ти март годинава. Последен пат бил виден во близина на Чешката амбасада. Семејството објави дека сивиот опел со кој бил гранбат по три дена бил пронајден опожарен во Драчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Романија крена два ловци Ф-16 поради сомнителна…
Два ловци Ф-16 на романските воздухопловни сили…
Покрај забрана за приближување двајца во Малешевијата…
Полицискиот билтен нотира непослушност кај наслниците, па…
Русија го повтори барањето НАТО да се…
Русија повторно бара НАТО да ги повлече…
Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и член…
Македонскиот фудбал денеска го погоди тажната вест…
Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…