Објавено на:

БОРИСОВ МУ СЕ ДОДВОРУВА НА ПЕТКОВ: Сакам да направиме влада, давам сè од себе

t

„Сакам да формирам влада со ПП-ДБ. Имаме многу јасни задачи – влада меѓу овие две партии, даваме сè од себе. Денеска ќе формираме две комисии од двете групи – правна и финансиско-буџетска за разгледување на буџетските програми. Наш главен приоритет е влада меѓу ГЕРБ и ПП. Подготвени сме на многу компромиси“.

Вака изјави денеска поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов за можната влада со неговиот ривал Кирил Петков од „Продолжуваме со промените“(ПП). Петков има само пет пратеници помалку во новиот парламент, пишува БГНЕС.

Борисов кажа дека одложувањето на изборот на претседател на Собранието е само од корист за преговорите меѓу двете најголеми коалиции во 49. Народно собрание – ГЕРБ-СДС и ПП-ДБ.

– Наш главен приоритет е влада меѓу двете партии – рече Борисов.

– Подготвени сме на многу компромиси, но ова не е компромис – рече Борисов одговарајќи на прашање за предлогот за избор на претседател на Собранието врз ротациски принцип.

Борисов денеска се сретна со претседателката на БСП, Корнелија Нинова, и по неа тој кажа дека се разговарало за главните приоритети поврзани со буџетот и со социјалната политика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Град Скопје поднесе 20 случаи на незаконски…

Град Скопје поднесе 20 случаи на незаконски…

Санчез му порача на Израел: Шпанија не…

Шпанскиот премиер Педро Санчез ја повтори својата…

Филипче до Мицкоски: Ветивте промени во Преговарачката…

На денешната седница на пратенички прашања, претседателот…

Владата ја продава иднината под превезот на…

Најавата од министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска,…

Брисел уште еднаш потврди: Изразивме загриженост за…

Европската комисија контактирала со Министерството за образование…