ГОЛЕМАТА ПРИКАЗНА ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО СЕ РАСПАЃА Експерти од Телеком потврдија дека системот не можел да „шпионира“ кои броеви се прислушуваат ако не му се нареди – кој го правел тоа и зошто?

t

Истиот Закон за следење на комуникации не важел подеднакво за грчките и за германските сопственици на телекомуникациските оператори ОНЕ и Т-хоум. Грчките газди и менаџери, во тоа време се уште „на власт“ во компанијата, сами си го толкувале законот и преземале дејствија надвор спротивни на законот. Истата опрема за прислушување кај Грците генерирала датотеки со следени комуникации, додека кај Германците не генерирала – ништо, пренесува Плус Инфо.

Ова се двете дилеми коишто се отворија од новото продолжување на предметот „Таргет-тврдина“, откако истиот беше вратен од Апелација, со напатствија да се утврдат точно сите детали околу прислушувањето и да се разграничи кој број од каде бил следен. Освен фактот дека новите сознанија фрлаат сомнежи врз целата конструкција околу вината што им се става на товар на обвинетите, во прашање е доведена и целата приказна за прислушувањето, на начин како што беше обелоденета во 2015 година и која доведе до политички земјотрес и до пад на владата на ВМРО-ДПМНЕ две години подоцна.

Македонски телеком не чувал фајлови и логови, законот тоа не го дозволува

Васил Костов, кој бил вработен како администратор на код мрежата на Македонски телеком, на вчерашното сведочење посочи дека опремата на Македонски телеком, без никакви додатоци, на него не му овозможувала никаков увид во телефонските броеви коишто МВР ги таргетирало преку нивната централа.

На вкрстено прашање на одбраната, тој потврди дека во нивната централа не се зачувувале фајлови и логови од судските наредби кои ги спроведувало МВР преку медијациската опрема.

– Командите за пресретнување на разговори не оставаат запис на системите кои што ние ги администриравме – сведочеше Костов, според кого ниту со обична скрипта не можело да се извадат логови, односно да се архивираат логовите од МВР.

Сведокот не посочи дека никој од сопствениците на операторот издал наредба за да се изготви програма која би ги следела институциите во спроведувањето на безбедносни мерки, а уште помалку да се креираат датотеки со ваквите податоци и истите да се проследуваат.

Во тој период и Телеком и ОНЕ за мобилната телефонија користеле опрема, односно централа, од производителот Ериксон. Иако е очекувано двата оператори да имале централи од иста генерација, сведокот не можеше да каже со каква опрема и каква функционалност располагале во ОНЕ.

Сепак зачудува самиот факт што при ист закон, опрема од ист производител, грчките сопственици во секој момент имале увид во сите наредби за следење на комуникациите, а Телеком ја немал таа можност.

Ќе одговори ли некој зошто ОНЕ си дозволил да го „шпионира“ прислушувањето?

Плусинфо веќе пишуваше дека без никакво знаење на судот, на Јавното обвинителство или на МВР, мобилниот оператор ОНЕ следел што работат државните институции, водел архива и истата ја проследувал до лица кои немаат безбедносни сертификати за контакт со таков тип на информации и до странци.

Извор: Плус Инфо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…

Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…

Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…

Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…

Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…

Големо признание за Тамара Котевска – гран…

Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…