Макрон: Позицијата на Франција за Тајван не е променета
Позицијата на Франција за Тајван не е променета и таа продолжува да го поддржува статус квото во тој дел од светот.
Ова денеска го изјави францускиот претседател Емануел Макрон на прес-конференција за време на неговата државна посета на Холандија, пренесува Ројтерс.
Тој претходно за весниците Политико и Ехос изјави дека Париз не сака да биде вовлечен во кризата околу Тајван, која е поттикната, како што се наведува, од „американскиот ритам и кинеската претерана реакција“.
Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер денеска изјави дека Франција и Европа се движат по пат независен од САД и Кина, но дека ќе останат доверливи партнери на Вашингтон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Напад со дронови во Црното Море кај…
Бродот што беше нападнат со дронови во…
Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свеченоста…
Денес се празнува Светиот маченик Лонгин
Божествениот евангелист Матеј опишувајќи го страдањето на…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. По…
НУКЛЕАРЕН ИНЦИДЕНТ ВО САД: Пожар и пријавено…
Пожар избувнал во Националната лабораторија „Савана Ривер“…