Откриен кокаин кај кумановец, поведена истрага
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
При претрес извршен на 12 април во куќата на осомничениот на улицата „Јоско Илиевски“ во Куманово, била пронајдена наркотична дрога – кокаин во вкупна нето маса од 6,8 грама. Осомничениот ја набавил дрогата наменета за натамошна препродажба, ја препакувал во девет помали пакувања и ја чувал во домот заедно со дигитална вага.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Куманово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Но, предлогот не беше прифатен и судот со решение на осомничениот му определи мерки на претпазливост – привремено одземање на патна исправа и обврска да се јавува еднаш неделно кај определено службено лице.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ИЗДАДОА ЗДРАВСТВЕНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Сомнежи за белодробна…
Американската амбасада во Москва издаде здравствено предупредување…
Се огласи МВР за случајот Марковски: Се…
Според информациите од МВР, претрес се спроведува…
Поради денешниот инцидент во Црно Море: Претседателката…
Претседателката на Бугарија Илијана Јотова свика седница…
Морнар спасен од брод кој беше нападнат…
Морнар од трговскиот брод „Ејбл“ (Able), кој…
Вулин ќе се кандидира за претседател на…
Основачот на Социјалистичкото движење, Александар Вулин ја…