(Фото) Брука невидена: Во сувенирницата во црквата во Калишта се плаќа во бугарски левови

t

Револтирани граѓани испратија низа на фотографии до редакцијата на Инфомакс од сувенирницата во црквата во Калишта, Струга.

Имено како што се гледа на фотографиите цените на сувенирите, вината, маслата и останатите продукти кои се продаваат освен во денари и евра можат да се платат и во бугарски левови.

Граѓаните видно револтирани прашуваат во која држава се наоѓаме? Македонија или Бугарија имајќи во предвид дека единствено дозволено платежно средство на територија на Македонија е македонскиот денар.

Нашите читатели прашуваат дали е ова дел токму од агендата за бугаризација на Македонија по сите основи.

Ваквиот развој на настаните доаѓа во време на затегнати односи помеѓу Македонија и Бугарија и обидите на бугарската држава за кражба на македонската историја и уништување на македонскиот идентитет како и негирање на македонскиот јазик.

Објаснувањето на тамоншните вработени за цените во бугарски левови е дека многумина од гостите и туристите кои доаѓаат во манастирскиот комплекс се токму од Бугарија. Сепак недопустливо е во една македонска православна црква да се продава било што во бугарски левови.

Недалеку од Струга, јужно од селото Калишта се наоѓа еден од најубавите манастирски комплекси во Македонија, Калишта – Пресвета Богородица.

Централно место во комплексот има малата пештерска црква. Изградена е некаде во 14 век и претставува основа на целиот манастирски комплекс.

Оваа мала црквичка направена во карпа се состои од три монашки ќелии, две на долниот и една на горниот кат. Во секоја од ќелиите се влегува низ сосема мала и тесна врата, а и самите ќелии се мали простории полни со историја и духовност.

Во минатото во ќелиите престојувале многу учени луѓе и поети, меѓу кои и браќата Миладиновци.

Во комплексот е сместена и поголема црква, Рождество на Пресвета Богородица, која датира од 17 век, а во 1977 година била реновирана.

Токму овде, и на ни едно друго место во Македонија, е домот на единствената икона каде Мајката Божја е насликана во црна облека и со црно лице, а и детето Исус е црно.

Позната како Богородица во црно, иконата е пронајдена во малата пештерска црква, а денес се чува во поголемата црква од комплексот.

Оваа икона е една од највредните во Македонија и се верува дека има неверојатна лековита моќ.

Иконите на кои Богородица е насликана со црна боја се навистина ретки.

Во Европа има околу 450 вакви икони, и токму една од нив е сместена во манастирскиот комплекс Калишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија го повтори барањето НАТО да се…

Русија повторно бара НАТО да ги повлече…

Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и член…

Македонскиот фудбал денеска гоп погоди тажната вест…

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…

„КИКИ ГО ЧУВАШЕ НАШИОТ БОЛЕН СИН, БЕШЕ…

Потресна исповед на семејство од Загреб открива…

Родителите од Тетово револтирани од состанокот кај…

Родителите на нападнатите деца во Тетово се…