Д-р Фуштиќ: Не го бркавме Пехчевски, му понудивме да оди дома за празниците, револтиран е зашто не добил прв терапија со „Трикафта”

t

По објавата на Пехчевски дека му биле вршени притисоци и предвреме било побарано да ја прекине хоспитализацијата на Универзитетската клиника за детски болести Д-р Стојка Фуштиќ, директор на клиниката за детски болести за Телма тврди дека Игор никој не го бркал да си оди, му било понудено да биде со своите за Велигден но откако тој тоа го одбил му било кажано дека може да остане до вторник.

Таа вели дека целиот негов револт е поради тоа што не влегол во листата на првите 12 пациенти кои добиле терапија со лекот „Трикафта“.

Според Д-р Фуштиќ неговата здравствена состојба не е толку лоша и може да се одржува стабилна со венската антибиотска терапија додека се чека да пристигне лекот за сите пациенти заболени од Цистична фиброза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ