Димитров се враќа на политичката сцена
Балкански центар за конструктивни политики Солуција e името на новото политичко движење или новата невладина организација на поранешниот шеф на дипломатијата а потоа и вицепремиер за европски прашања Никола Димитров, објави МКД.мк.
Димитров синоќа за ТВ21 најави дека наскоро ќе ги објави своите планови на македонската политичка сцена.
„Сум работел со речиси сите и со сите сум се разишол. И мислам дека е тоа здраво оти човек кога верува дека се фатиле кривини и дека не се оди по вистинскиот пат, многу е поздраво да се држи до своето убедување и до својата совест отколку да вика магарето лета. Оти од викање лета ли магарето, лета магарето, стигнавме до ова дереџе. Јас во блиска иднина ќе ѝ обзнанам на јавноста во каква форма ќе делувам. Да видиме колку граѓани има што сакаат во оваа држава да има ред и колку граѓани има што сакаат законот, системот да важи на целата територија и да биде еднаков кон секој граѓанин“, изјави за ТВ21 Никола Димитров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и член…
Македонскиот фудбал денеска гоп погоди тажната вест…
Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…
„КИКИ ГО ЧУВАШЕ НАШИОТ БОЛЕН СИН, БЕШЕ…
Потресна исповед на семејство од Загреб открива…
Родителите од Тетово револтирани од состанокот кај…
Родителите на нападнатите деца во Тетово се…
Уапсени шест лица во Србија и Словенија…
Во заедничка акција на обвинителствата и полициите…