Игор Пехчевски: По вчерашната објава за бркањето од болница, д-р Стојка Фуштиќ денес бара психијатар за да даде таблети

t

Во текот на вчерашниот ден имаше жестока расправа помеѓу Игор Пехчевски, пациент со цистична фиброза кој моментално е на венска терапија на Детска клиника, и докторката Стојка Фуштиќ која го лечи. Според зборовите на Игор докторката револтирана затоа што тој често давал изјави за медиумите, во кои бара лекот Трикафта да биде достапен за сите пациенти, му се заканила дека ќе биде избркан од болницата денес на 15ти, односно три дена порано колку што треба да ја прима терапијата.

“Д-р Stojka Fustik со дрзок тон и завчера и вчера дојде 2-3 пати во болничката соба и ми кажа доколку пак дојдат новинарски екипи за викендот да давам изјави за лекот Трикафта, дека за мене повеќе немало да има место во оваа болница за Цистична фиброза за лекување.

Докторке оваа болница не лично Ваша за да може така дрско да се однесувате со пациентите и да давате изјави дека пациентот ќе си оди на 15.04.2023г.

А имам документ со отпусна листа која е со датум 18.04.2023год.

Како ќе ме погледнете во очи мене и другите пациенти за ова што ми го правите пред цела Македонска јавност.

Дно дна ”, напиша тој на социјалните мрежи.

Докторката во своја изјава за медиумите истакна дека неговата состојба не била толку лоша и му било понудено доколку сака да замине дома со цел, за време на празникот да биде дома со најблиските, по што Игор одбил. За разлика од нејзината изјава, Игор и неговата мајка тврдат дека бил вршен притисок од страна на докторката, па дури бил извршен и разговор со родителот, иако Игор е полнолетно лице.

По сиот хаос кој вчера се случуваше денес Игор обвинува за уште еден скандал од страна на истата докторка, која денес по телефон, веројатно револтирана, побарала Игор да изврши разговор со психијатар со цел да му биде дадена соодветна терапија.

“Втор кикс на Д-р Stojka Fustik лично од неа нарачано да дојде дежурната докторка на Детска клиника и да ми даде телефонски да разговарам дека за кратко време ќе стаса Психијатар со табелти за мене⁉️ж

Се прашувам која ли е целта

П.С Д-р Stojka Fustic ако имате нешто да ми кажете повелете знаете каде сум” додава Игор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и член…

Македонскиот фудбал денеска гоп погоди тажната вест…

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…

„КИКИ ГО ЧУВАШЕ НАШИОТ БОЛЕН СИН, БЕШЕ…

Потресна исповед на семејство од Загреб открива…

Родителите од Тетово револтирани од состанокот кај…

Родителите на нападнатите деца во Тетово се…

Уапсени шест лица во Србија и Словенија…

Во заедничка акција на обвинителствата и полициите…