Притвор за анестезиологот што ги снимаше родилките на тетовската гинекологија
Судот синоќа му одреди осумдневен притвор на анестезиологот кој во живо емитуваше видео на социјалната мрежа ТикТок од пациентките на тетовска Гинекологија, објави ТВ 21.
Телевизијата објави видео од спроведувањето на анестезиологот пред судија на претходна постапка, каде двајца полицајци со лисици на рацете го внесоа во Судот.
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против анестезиологот В.Д. (43) за кривичните дела – Несовесно работење во службата , како и Неовластено снимање
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Тетово синоќа достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
(Фото) ТВ21
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…
Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…
Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…
Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…
Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…
Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…
Маж од Тетовско две години ѝ барал…
Маж од Тетовско две одини ја уценувал…
Му побарале уплата на шалтер, тој го…
Инцидент се случил во Клиничката болница во…