Индиски политичар и неговиот брат убиени во живо на телевизија!
Поранешниот индиски политичар Атик Ахмед и неговиот брат биле убиени вчера во живо на ТВ. Ахмед, кој бил под полициска придружба, разговарал со тројца мажи кои се претставиле како новинари во градот Прајаграј кога му бил ставен пиштол на главата. Убијците брзо се предале и завршиле во притвор.
Полицијата неколку дена претходно, го застрелала синот тинејџер на Ахмед. Во последните 20 години, тој беше обвинет за десетици случаи на киднапирање, убиства и изнуда, а локалниот суд го осуди него и уште двајца на доживотен затвор во март годинава. Ахмед претходно тврдеше дека полицијата му се заканувала и дека се плаши за својот живот.
Тој и неговиот брат загинале додека оделе во болница на лекарски преглед. Телевизиските снимки ги прикажуваат Ахмед и неговиот брат Ашраф со лисици на рацете додека разговараат со мажи кои се претставиле како новинари. Мажите ги застрелале неколку секунди подоцна.
Во видеото, кое е широко споделено на социјалните мрежи и ТВ каналите, Ахмед е запрашан дали присуствувал на погребот на неговиот син. Неговиот брат исто така бил погоден, а двајцата починале за неколку минути. Тројцата осомничени напаѓачи на местото на настанот пристигнале со мотори, соопшти полицијата. Повредени се и полицаец и новинар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…
Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…
Индискиот премиер пристигна во посета на Москва
Премиерот на Индија Нарендра Моди пристигна во…
Индискиот премиер Моди во посета на Москва…
Индискиот премиер Нарендра Моди денеска пристигнува во…
Индија: Топлотен бран уби најмалку 56 лица,…
Индија регистрираше речиси 25.000 сомнителни случаи на…
Грешка во мерните апарати: Температурата во Њу…
Индиската влада соопшти дека поради грешка во…