Во вторник бесплатен влез во сите музеи и локалитети во земјава
Македонските музеи и локалитети во вторник, 18 април, ќе ги отворат портите за сите заинтересирани посетители во чест на Меѓународниот ден на културното наследство. Влезот со сите музеи и локалитети овој ден ќе биде бесплатен.
„Македонската култура и уметност-богатство кое вреди да се погледне, почувствува и чува. Дојдете, посетете и истражете на 18-ти април“, напиша на Фејсбук министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.
Инаку, Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите е востановен на 22-та седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1982 година. Овој ден секоја година служи за промоција на културното наследство и претставува можност за подигање на свеста за неговиот диверзитет и за потребата за негова конзервација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите од Тетово револтирани од состанокот кај…
Родителите на нападнатите деца во Тетово се…
Уапсени шест лица во Србија и Словенија…
Во заедничка акција на обвинителствата и полициите…
Мајка цела ноќ ја барала 12-годишната ќерка:…
Мајка од Скопје пријавила дека нејзината 12-годишна…
(Видео) Осум минути молк за насилната смрт…
Во Загреб, Сплит и Осиек, точно напладне,…
Над 438 илјади животни ќе се вакцинираат…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) започна…