Скопјанец и велешанец приведени заради агресивно однесување кон полициски службеници
Полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари синоќа во 1:30 часот на подрачјето на Шуто Оризари го лишиле од слобода И.Б.(64) од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Како што информира МВР, по целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.
Вчера, пак, во 1:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле Д.К.(39) од Велес, затоа што пред угостителски објект во Велес физички го нападнал М.Б.(33) од Скопје, кој работел како редар пред објектот, а потоа се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
По целосно документирање на случајот и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Влегол кај деканот, оставил писмо со закани…
Поранешен студент оставил писмо со заканувачка содржина…
Белата куќа бара нови опции за напад…
Белата куќа побарала од Пентагон да разработи…
ЛЕТАЛ СО „МЕРЦЕДЕС“ ПО АВТОПАТ: Возел 203…
Возач на „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки…
(Видео) Француски градоначалник застана како „жив штит“…
Додека масовните протести поради условите во училиштата…
Владата го усвои Предлогот за измени и…
Денеска на седница го разгледа и усвои…