Османи се налути од обвинувањата дека на прес-конференција не го користел македонскиот јазик, како официјален во државава
Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги отфрли како лаги и невистини обвинувањата од опозицијата која бара негова оставка бидејќи на прес-конференцијата со шпанскиот министер за надворешни работи не го користел македонскиот јазик како официјален јазик на државата.
ВМРО-ДПМНЕ се повеќе прераснува во шовинистичко здружение кое не ги почитува ни своите поддржувачи кога на светите празници изнесува лаги и и невистини, а уште помалку останатите граѓани кои постојано ги навредува и омаловажува ширејќи етничка омраза и нетрпеливост, напиша Османи на неговата официјална фејсбук страница.
Претходно, со став излезе и Министерството за надворешни работи.
Примената на Законот за јазици на сите настани што се организираат од страна на Министерството за надворешни работи, кои патем се чести, јавни, и многубројни, е секогаш соодветно имплементирана. На секој настан Министерот се обраќа пред домашната јавност на двата службени јазици дефинирани според Уставот и Законот за јазици, при што Министерството обезбедува превод, соодветно достапен за присутните медиуми. Напоменуваме дека употребата на службените јазици на Република Македонија е материја која е регулирана со закон, каде што прецизно е дефинирана употребата на службените јазици на земјава, и истата треба соодветно да се применува без притоа да биде предмет на политичка пресметка, се вели во реакцијата од МНР.
Оттаму ја повикаа ВМРО-ДПМНЕ да ги поткрепи своите тврдења со некаков доказ, запис или снимка, а во спротивно побараа јавно извинување.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска побара оставка од Османи, а со осуда излезе и „Левица“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лисици низ Скопје во близина на Водно…
Во последните неколку дена се појавија видеа…
Обвинение и притвор за лице кое физички…
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и…
СДСМ: Дебакл на економиските политики на власта…
Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес…
„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА…
На седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор,…
Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја…
Во овој момент за нула евра сме…