Добро утро со Инфомакс: Камбанаријо, преброј ни ги мртвите од кои ти се роди
Поезијата на Петре Мито Андреевски не може да се опише со зборови. На чудесен начин тој ги пренесува неговите и националните чувства во врска со определени личности, настани, историјата, иднината…
Денеска, на третиот ден на Велигден, Ви издвојуваме нешто што Андреевски го напиша за славната 1903 година.
Добро утро Македонци, уживајте во “1903”:
1903 – Петре М. Андреевски
О, најдолга годино, ти збиру на нашата мака
што ни го изнесе оружјето до секој горски срт,
чакалу и гаврану во предците што гракаш,
пронајди ме и мене во твојот прекар сакан:
СЛОБОДА ИЛИ СМРТ!
Окову што не додржа со нашиот бол да патиш,
црна солзо врз пепелта преорана од крт до ‘рт,
колку пушки ни испразни маката да ни ја сфатиш
и кој беше последен востанат што те испрати
со СЛОБОДА ИЛИ СМРТ.
Камбанаријо што смеша земја, небеса и води,
раскажи ни ја цената на твојот зарек грд,
преброј ни ги мртвите од кои ти се роди
и продолжи да не водиш низ времето што нè сроди
со СЛОБОДА ИЛИ СМРТ.
О, штура свадбарино, припеку од сите рани светнат,
погоди ме и мене в срце со товојот лелек тврд,
погоди ме недоветно сред исто пладне летно
поради сите кои, умирајќи, ти пееја сетно:
СЛОБОДА ИЛИ СМРТ!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…