Објавено на:

Блинкен: Во Судан е нападнат американски дипломатски конвој

t

Можам да потврдам дека вчера беше пукано врз американски дипломатски конвој. Сите наши луѓе се безбедни и неповредени. Но, оваа акција беше непромислена, беше неодговорна и се разбира небезбедна, изјави Блинкен по средбата на Г7 што се одржува во Јапонија.

Тој не прецизира кој пукал врз конвојот.

Четврти ден од борбите за превласт во Судан, но ниту армијата ниту паравоените сили не успеваат да извојуваат победа.

Повеќенеделните тензии поради предлогот за повторно воспоставување на цивилна власт ескалираа на 15 април кога почнаа борбите во главниот град на Судан, Картум, за подоцна да се прошират речиси во цела земја. Според лекарски извори во судирите загинале околу сто луѓе, а повредени се неколку стотици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборите во Израел без јасен победник: Арапите…

Претседателот на левичарската партија Демократи, Јаир Голан,…

Трамп: Наскоро состанок меѓу Путин и Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп очекува дека наскоро…

Арагчи: Нов израелски напад врз Иран би…

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи предупреди…

Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на…

Потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна…

САД НАРЕДИЈА ЕВАКУАЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПЕРСОНАЛОТ…

Американскиот Стејт департмент наредил повлекување на дипломатскиот…