Исплата на пензиите од 25 април
Владата на Република Македонија Владата, на денешната седница, ја разгледа и усвои и Информацијата за исплата на пензии за месец април, 2023 година.
Се задолжува Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 24.04.2023 година, а се препорачува на деловните банки да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со априлските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа – од 25.04.2023 година.
Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, по распоред според висината на пензијата и тоа:
• За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25.04.2023 година (вторник);
• За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26.04.2023 година (среда);
• За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 27.04.2023 година (четврток) и
• За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 28.04.2023 година (петок).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ИЗДАДОА ЗДРАВСТВЕНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Сомнежи за белодробна…
Американската амбасада во Москва издаде здравствено предупредување…
Се огласи МВР за случајот Марковски: Се…
Според информациите од МВР, претрес се спроведува…
Поради денешниот инцидент во Црно Море: Претседателката…
Претседателката на Бугарија Илијана Јотова свика седница…
Морнар спасен од брод кој беше нападнат…
Морнар од трговскиот брод „Ејбл“ (Able), кој…
Вулин ќе се кандидира за претседател на…
Основачот на Социјалистичкото движење, Александар Вулин ја…