Трет ден сослушување на вториот заштитен сведок: Продолжува судењето против водачите на ОВК во Хаг
Денеска во Специјализираните совети на Косово во Хаг продолжува судењето за случајот против поранешните водачи на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими, пренесува Газета експрес.
Судењето почнува во 9 часот, а третиот ден по ред вториот сведок на обвинителството ќе одговара на прашања од обвинителството и одбраната.
Тачи, Весељи, Сељими и Красниќ се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, убиства, прогон на политичка и етничка основа, незаконско апсење и приведување и други нехумани дела.
Кривичните дела се оквалификувани, во шест точки, како злосторства против човештвото, а во четири како воени злосторства.
Судењето започна на 3 април, а Тача, Весеља, Сељими и Красниќ се во притвор во Хаг од октомври 2020 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаг го продолжи рокот за жалби на…
Апелацискиот совет на Специјализираните совети во Хаг…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…