Промена на државниот грб ќе биде “мотивот” на ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени? Ковачевски вели предлогот да се достави до Комисијата
Опозицијата слободно може да ги достави своите предлози до Комисијата за уставни прашања која ќе биде формирана во Министерството за правда и таму ќе се разговара, изјави денеска на прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашањето во врска со предлогот на универзитетскиот професор по уставно право Александар Спасеновски за менување на актуелниот државен грб.
Премиерот потенцираше дека сме членка на НАТО, иако опозицијата не даде поддршка, а како што рече, наскоро ќе станеме и членка на ЕУ.
– Слободно нека ги донесат сите свои предлози во Комисијата за уставни прашања која ќе биде формирана во Министерството за правда и таму ќе може да се разговара бидејќи гледаме, опозицијата ставовите дневно ги менува. Дали има легитимитет нашето членство во НАТО ? Има, иако опозицијата не го поддржа. Ќе станеме членка на ЕУ и јас се надевам дека опозицијата еднаш нешто ќе поддржи. Опозицијата не го поддржа ни договорот ФРОНТЕКС за којшто утре почнува имплементацијата, каде за првпат имаме македонски јазик со сите други јазици на ЕУ. Опозицијата ни тоа не го поддржа, рече Ковачевски.
Прашан во врска со Бугарија, Ковачевски рече дека таму се водат преговори за конечно да се направи политичка влада и напомена дека кога ќе се направи политичка влада ќе може да се разговара на политичко ниво и да се коментираат случувањата.
– Во Бугарија се водат преговори за конечно да се направи политичка влада. Јас им посакувам многу успех. Кога ќе се направи политичка влада, тогаш ќе можеме да разговараме на политичко ниво и можеме да ги коментираме случувања. Ние имаме јасна преговарачка рамка во која точно се наведени нашите обврски кои треба да ги исполниме и да ги отвориме кластерите за продолжување на преговорите и воспоставување на процес кој што ќе не зачлени до 2030 година во ЕУ, додаде Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…
Во два наврата претходно за време на…
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…